сабота, 21 декември 2024

Киев тврди дека Северна Кореја испратила трупи во Украина

Инженери на војската на Северна Кореја се распоредени да и помогнат на Русија во гаѓањето на Украина со балистички ракети, а Севернокорејци кои оперираат во окупираните подрачја на Украина веќе загинале, тврдат функционери во Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Десетици Севернокорејци се наоѓаат зад руските линии, во тимови кои „ги поддржуваат ракетните системи за ракетите КН-23“, кажа извор од Украина за Гардијан.

Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, отпатува минатата година во Русија на самит со рускиот претседателот Владимир Путин, каде двајцата ја истакнаа желбата за подлабоки врски со траен договор за оружје.

Странци се бореле како платеници за Русија, но доколку Севернокорејци се навистина на теренот, тоа би било првпат странска влада да испрати трупи во униформи како поддршка на руските сили.

„За Северна Кореја, која на Русија ѝ испорача многу гранати и ракети, од суштинско значење е да научи како да ракува со различно оружје и да стекне реално борбено искуство“, вели Лим Еул Чул, професор на Институтот за далекуисточни студии во Сеул.

„Тоа би можела да биде и движечката сила на севернокорејските војници – да им пружи разновидни искуства и обука за време на војна“, додава тој.

Западот проценува дека Пјонгјанг обезбедил околу половина од муницијата со поголем калибар која се користи на бојното поле оваа година, повеќе од 2 милиони куршуми. Исто така обезбедил ракети КН-23, кои се користени во десетици напади во Украина минатата зима, тврдат украински извори. По паузата од неколку месеци, наводно повторно биле распоредени од јули.

КН-23 е ракета со краток дострел која првпат е тестирана во 2019 година и се споредува со руските ракети како „искандер-М“. Се смета дека има дострел од околу 450 километри кога носи боева глава од 500 килограми.

Москва и Пјонгјанг ја негираат продажбата на оружјето. Кремљ вчера ги отфрли тврдењата за присуство на севернокорејски трупи во Украина како „уште една лажна вест од Киев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ