сабота, 27 јули 2024

Киев: Непријателски и популистички потег на Полска

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на ова критично време, Полска намерава да ја продолжи блокадата на извозот на украинското жито во ЕУ. Ова е непријателски и популистички потег кој сериозно ќе влијае на глобалната безбедност на храната и економијата на Украина“, објави Шмихал на Твитер.

Пет централноевропски земји сакаат забраната на Европската Унија на увоз на жито од Украина да биде продолжена барем до крајот на годината. Забраната истекува на 15 септември.

Полска нема да ја укине забраната на 15 септември дури и ако ЕУ не се согласи со нејзино продолжување, изјави премиерот Матеуш Моравјецки во средата.

Шмихал ги повика партнерите на Украина и Европската комисија да обезбедат непречен извоз на сите земјоделски производи од Украина во ЕУ.

„Ова е чин на солидарност не само со Украина, туку и со светот, кој зависи од нашата житарка“, кажа тој.

Одржувањето на извозот е важно за Украина, особено откако Русија се повлече од договорот кој овозможуваше безбеден транспорт на украинското жито преку Црно Море поради што дојде до скок на цените на намирниците.

Земјоделскиот извоз е клучен за украинската економија и претставуваше околу 12 отсто од бруто домашниот производ пред инвазијата на Русија во февруари 2022 година, и околу 60 отсто од вкупниот извоз.

Европската Унија во мај им дозволи на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка да ја забранат домашната продажба на украинска пченица, пченка, маслена репка и сончогледови семки, но е дозволен транзитот на таа стока за извоз во други земји.

Во овие земји се некои од најцврстите поддржувачи на Киев во војната против Москва, но функционерите тврдат дека приливите на евтино украинско жито им штетат на нивните земјоделски сектори.

Солидарноста со Украина е важна, но националните пазари на житарки мора да бидат заштитени, изјави во средата министерот за земјоделство на Словачка по состанокот на министрите за земјоделство на централноевропските земји во Варшава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ