недела, 20 октомври 2024

Киев не се откажува од Курск: Состојбата е под контрола

Главниот командант на оружените сили на Украина генералот Александар Сирски изјави дека во Сумската и Курската област на Русија, и покрај сите обиди на руските сили да ја сузбијат иницијативата, ситуацијата останува под контрола на украинските сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај супериорноста на окупаторот во персонал и опрема, вештината и професионализмот на украинската војска не му дозволуваат на рускиот агресор да ја оствари својата цел. Многу сме им благодарни на нашите војници и офицери за нивната храброст, отпорноста и непрекинатата војничка работа“, наведе Сирски откако ги посетил украинските единици кои упаднаа во Русија.

„Земајќи ја предвид проценката на ситуацијата, донесов низа одлуки кои имаа за цел да ги спречиме дејствата на непријателот и да му нанесеме максимални загуби“, истакна Сирски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ