Улицата именувана по големиот руски композитор Пјотр Чајковски во главниот град на Украина ќе се преименува во улица Викторија Нуланд, одлучија градските власти.
Tchaikovsky Street in Kyiv will be renamed Victoria Nuland Street. This order was signed by mayor Klitschko. pic.twitter.com/5HZoongJhH
— S p r i n t e r (@Sprinter99800) March 6, 2024
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потпиша указ за промена на името на улицата во чест на поранешната висока функционерка на Стејт департментот.
Преименувањето се совпаѓа со оставката на Нуланд од функцијата заменик-државен секретар на Соединетите Држави.
Викторија Нуланд, позната по својата цврста поддршка за Украина во војната со Русија, во наредните недели ќе се повлече од функцијата заменик-државен секретар за политички прашања, соопшти во вторникот Стејт департментот.