петок, 27 декември 2024

Киев ја преименува улицата Чајковски во улица Викторија Нуланд

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потпиша указот за промена на името на улицата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Улицата именувана по големиот руски композитор Пјотр Чајковски во главниот град на Украина ќе се преименува во улица Викторија Нуланд, одлучија градските власти.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потпиша указ за промена на името на улицата во чест на поранешната висока функционерка на Стејт департментот.

Преименувањето се совпаѓа со оставката на Нуланд од функцијата заменик-државен секретар на Соединетите Држави.

Викторија Нуланд, позната по својата цврста поддршка за Украина во војната со Русија, во наредните недели ќе се повлече од функцијата заменик-државен секретар за политички прашања, соопшти во вторникот Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ