сабота, 27 јули 2024

Киднаперот од Турција е уапсен, сите заложници се ослободени

Турската полиција ги ослободи вчера седумте работници кои пропалестинскиот вооружен напаѓач ги држеше како заложници во фабрика во близина на Истанбул во сопственост на американската компанија Проктер енд Гембл, во знак на протест поради војната на Израел во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата извршила рација девет часа по почетокот на заложничката криза, откако напаѓачот заминал во тоалет. Мажот бил приведен неповреден, им кажа на новинарите локалниот гувернер Седар Јавуз.

„Целта на тој човек била да го сопре израелскиот масакр во Газа и да го отвори преминот Рафа во Египет за достава на хуманитарна помош на заробените цивили“, кажа Јавуз. „Кога заминал во тоалет, нашите безбедносни сили ја спроведоа операцијата. Заложниците не се повредени“, додаде тој.

На фотографијата споделена од страна на еден од заложниците се гледа маж со скриено лице како држи пиштол. Еден од заложниците го фотографирал како стои покрај палестинско знаме со порака „Вратата за Газа ќе биде отворена“ напишана на ѕидот.

Јавуз кажа дека мажот носел два пиштоли и се чинело дека има експлозив врзан на торзото.

Главната канцеларија на Проктер енд Гембл го потврди инцидентот. „Безбедноста на луѓето од компанијата и нашите партнери се наш главен приоритет. Го евакуиравме објектот во Газа и работиме со локалните власти на решавање на итната безбедноста ситуација“, напишаа вчера на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ