сабота, 27 јули 2024

Кичевчанец бил застрелан за време на лов по што веднаш починал

Кичевчанец вчера при лов испукал патрон од ловечка пушка и усмртил 40-годишен жител на селото Бигор Доленци.  

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С. од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј. од истото село, по што Д.Ј. починал“, информираат од полицијата.

Увид на местото извршил јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ