сабота, 27 јули 2024

Кенијска атлетичарка постави нов светски рекорд во маратон

Падна рекордот на маратоните во женска конкуренција, новата сопственичка на најдоброто време е кенијската атлетичарка Перес Јепчирчир.

Објавено на

часот

Сподели

Рекордот беше урнат на трката во Лондон, а новото најдобро време кое го постави Јепчирчир е два часа, 16 минути и 16 секунди.

Маратонската трка заврши со неверојатен спринт, за тоа говори и фактот што и второпласираната и третопласираната маратонка истрчаа под 2 часа и 17 минути. Времиња подобри од претходниот светски рекорд кој беше актуелен од 2017 година поставен од Кенијката Мери Кејтани со време од 2 часа, 17 минути и една секунда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ