сабота, 27 јули 2024

Кенеди имал паразитски црв во мозокот кој му изел парче од него

Независниот американски претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор, имал паразит во мозокот пред повеќе од една деценија, но оттогаш се опоравил, објави неговата кампања откако Њујорк Тајмс објави за болеста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кенеди многу патуваше во Африка, Јужна Америка и Азија како еколошки активист, а на една од тие локации фати паразит“, изјави неговата портпаролка Стефани Спир за Ројтерс.

„Проблемот е решен пред повеќе од 10 години, а тој е во силно физичко и психичко здравје“, додаде таа.

Тајмс објави дека лекарот на Кенеди им кажал за абнормалноста на неговиот скен на мозокот „предизвикана од црв кој влегол во неговиот мозок, изел парче од него, а потоа умрел“.

Тајмс до оваа информација дошол благодарение на документите од разводот меѓу Кенеди и неговата втора сопруга Мери Ричардсон Кенеди. Со тој податок, претседателскиот кандидат се обидел да докаже дека неговата способност за заработка е намалена поради когнитивни проблеми.

Мери Ричардсон Кенеди се самоуби во 2021 година додека таа и Кенеди се бореа за старателство над нивните четири деца.

Кенеди, внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократскиот кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември. Анкетите покажуваат дека тој би можел да добие осум отсто од гласовите.

„Да се ​​доведува во прашање здравјето на Кенеди е смешно, со оглед на неговата конкуренција“, рече Спир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ