„Не присуствуваше ниту еден македонски политичар.
Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.
Претседателе и премиере ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?
Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.
Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.
П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина“, напиша Кекеновски.
За време на посетата на Курти организирана од градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, улицата Втора македонска бригада беше преименувана во Адем Демачи. За време на свеченоста немаше ниту едно македонско знаме, а за новинарите не беше обезбеден превод на македонски јазик.