петок, 18 октомври 2024

Кејт Бејкинсејл преплашена да не се здебели

Објавено на

часот

Сподели

Кејт Бејкинсејл била загрижена дали ќе ја собере костимот за новото продолжение на „Подземје“, бидејќи многу јадела за време на снимањето во Њу Орлеанс.
Британската глумица била воодушевена од изборот на вкусни јадења за време на снимањето на „Контрабанда“ во Луизијана, но призна дека ја фатила трема дали ќе успее да се врати во форма за да ја собере тесниот латекс-костим.
„За време на подготовките за „Подземје“, јас всушност го снимав „Контрабанда“. Њу Орлеанс е прекрасен град, но не е баш најдобриот за држење диети. Најлоша храна за костимот од „Подземје“, верувајте. Но, за среќа, немав проблеми. Добро е што имаше сцени со акција што требаше да ги навежбам и за „Контрабанда“. Бев преплашена. Костимот што го носам во филмот ми дава чувство како да сум облекла бикини и сум застанала среде Тајмс сквер во Њујорк“, изјави актерката за БЕНГшоубиз.
Како и да е, таа воопшто не изгледаше како да има причина да се грижи кога се појави на црвениот килим на синоќешното доделување на златните глобуси. Нејзиниот колега Сет Роген при заедничкото презентирање на една од наградите кажа: „Здраво, јас сум Сет Роген и во моментов се обидувам да скријам масивна ерекција“.
Сигурно потоа ѝ беше многу полесно…

Кејт Бејкинсејл и нејзините очигледни проблеми со тежината на синоќешните Глобуси

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ