среда, 23 октомври 2024

Кејот на Вардар е во ѓубре, обраснат во тревишта и плевел, предупредува ЛДП

Кејот на Вардар, кој требаше да биде гордост на главниот град, денес е неискосен и неисчистен, со непристојни количества отпад и диво израсната вегетација. Ова не само што влијае на изгледот на нашиот град, туку претставува и сериозен ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните, предупредува ЛДП. Партијата прашува: „Има ли Скопје градоначалник“?

Објавено на

часот

Сподели

Партијата изразува длабока загриженост за состојбата на кејот на река Вардар, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на Скопје, а денес, како што е наведено во реакцијата, претставува срам за сите нас. Некогашното место за прошетки и рекреација на скопјани е запоставено и запуштено, велат од ЛДП.

„ЛДП апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор. Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани. Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ