недела, 20 октомври 2024
Бундеслига

Кејн со асистенција и гол на дебито во Бундеслигата, Баерн со убедлива победа на стартот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од РБ Лајпциг во Суперкупот на Германија, Баерн Минхен вечерва славеше со убедливи 0-4 против Вердер Бремен на отварањето на новата сезона во Бундеслигата.

Хари Кејн беше во стартниот состав и му требаа само четири минути за да го има својот прв придонес, најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен му асистираше на Сане за 0-1.

За вториот гол се чекаше многу а токму Хари Кејн се запиша во листата на стрелците. Напаѓачот доби топка од Дејвис и од врвот на шеснаесетникот рутински реализираше за 0-2 во 74. минута.

До крајот на натпреварот, Сане по втор пат погоди во 90. минута, а длабоко во судиското надополнување, Тел ги постави конечните 0-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ