петок, 26 јули 2024

Кедев го освои и четвртиот највисок врв на светот

По само десетина дена откако го искачи врвот Макалу, македонскиот кардиолог и алпинист, Сашко Кедев, направи уште еден голем подвиг, го освои четвртиот највисок врв во светот, Лоце кој се наоѓа на Хималаите.

Објавено на

часот

Сподели

Сашко Кедев вчера се искачи на врвот Лоце на Хималаите кој е со надморска висина од 8.516. Следна негова цел ќе биде врвот Канченџунга (8.586. метри) кој е трет највисок врв во светот.

Сашко Кедев има исклучителна колекција на искачени врвови, има освоено 10 од 14. врвови над 8.000 метри. Покрај Макалу тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ