сабота, 27 јули 2024

Ќе се снимаат нови „Сексот и градот“

Објавено на

часот

Сподели

За сите оние што ги копка како се „носела“ Кери Бредшо во средно училиште – добра вест: Ентертејнмент викли потврдува дека американската телевизиска мрежа Си-даблју нарачала да се сними пилот-епизода од нов серијал на „Сексот и градот“, во кој дејството ќе се случува пред Кери да дојде во Њујорк, односно пред нејзиниот нам веќе познат дел од животот.

Новиот серијал, наречен „Дневникот на Кери“, е базиран на книгата на Кендис Бушнел за авантурите на Кери Бредшо од нејзината последна година во средно училиште, во мало гратче во 1980-тите, а продолжува со нејзиното прво стажирање во Њујорк, додека се обидува да се пробие како писател.

Додека Кери во новиот серијал ќе си ги поставува своите први прашања за љубовта, сексот и пријателството, единствената од познатите четири другарки што ќе биде тука за да ја слушне ќе биде Саманта Џонс, додека Миранда и Шарлот воопшто ќе ги нема, затоа што не се појавуваат ни во книгата на Бушнел.

Сè уште не се знае која глумица ќе ја игра младата Кери, а меѓу можните имиња се споменуваат Елизабет Олсен, Мајли Сајрус, Блејк Лајвли и други.

Се предвидува новите епизоди да почнат да се емитуваат наесен.

Мајли Сајрус, Блејк Лајвли и Елизабет Олсен, кои се во игра за улогата на младата Кери

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ