сабота, 27 јули 2024

Ќе се покачат платите во јавното здравство

Министерот за здравство Фатмир Меџити и Синдикатот на здравствените работници потпишаа спогодба за покачување на платите на медицинскиот персонал со кое ќе се утвди најниската плата  и за покачување на платите за 10 отсто.во јавното здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор.

„На денешната средба ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите“, рече министерот Меџити.

Поединечни колективни договори ќе бидат склучени со Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во државата, информира министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ