четврток, 16 јануари 2025

Ќе се исплаќа разликата во стипендиите за ученици и студенти

Министерството за образование и наука ќе ја исплати разликата на стипендиите за сите ученици и студенти кои го оствариле правото на стипендија од пред да се зголемат износите на стипендиите.

Објавено на

часот

Сподели

Условот е учениците и студентите е потпишан анекс кон договорот за стипендијата за зголемување на износот на стипендијата. Рокот за предавање на овие анекси до Министерството за образование и наука е 15 декември.

Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии заради нивното изедначување од моментот на зголемување на стипендиите до потпишувањето на анексот кон договорот за стипендија. За студентите исплатата ќе се врши на 3 рати, и тоа прва рата за 4 месеци до крајот на 2023 година, втора рата за 5 месеци и трета рата за 6 месеци заклучно со 30 јуни 2024 година.

За учениците исплатата ќе се изврши одеднаш за сите месеци. Спогодбите можат да ги потпишат само оние ученици и студенти кои претходно потпишале анекс на договорот кон стипендијата“, велат од МОН

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ