сабота, 19 октомври 2024

Казни за небаждарен тахограф

На наплатната рампа Кадрифаково вчера полициски службеници запреле и извршиле контрола на автобус марка „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З. (42) од Свети Николе.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на контролата било утврдено дека тахографот не бил баждарен, односно возачот не поседувал потврда за проверка. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ