сабота, 27 јули 2024
МВР со сообраќајни контроли низ државава

Казни за 553 „брзи возачи“

Во рамки на акциската контрола на територијата на Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 553 возачи.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, како што информираат денеска од МВР, 38 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелирааат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонесе за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ