петок, 19 април 2024

Казни за 173 возачи во Скопје

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно прстројување, 10 мерки за користење на мобилен телефон при возење“, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за, како што велат, поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ