Како што соопшти МВР, изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас…
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведуваат од МВР.