петок, 26 јули 2024

Казни и за родителите и за малолетниците кои возеле без возачка дозвола

Годинава на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит.Триесетина од нив биле малолетници, кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски.

Објавено на

часот

Сподели

На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле возачкиот испит. Во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ