Данските судии со своите одлуки го навлекоа гневот на македонските фанови, па тие во одредени моменти од мечот бурно реагираа. Имаше и фрлени предмети и шишиња со вода.
Поради однесувањето на нашите фанови, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) е парично казнета. Парична казна доби и организаторот Хрватска поради пропусти во обезбедувањето.
За наредните мечеви ќе бидат празни делови од салата. Просторот над клупите на репрезентациите и записничката маса нема да биде дозволен за присуство на навивачи.
РФМ доби и предупредување дека ако се повторат вакви инциденти, на македонските навивачи ќе им биде забранет влез за наредните натпревари.
ИХФ се закани дека салата во Вараждин може да биде целосно затворена за публика до крајот на Светското првенство доколку се повтори сличен инцидент.