сабота, 27 јули 2024

Казнети 332 брзи возачи, 119 во Скопје

За време на вчерашните сообраќајни контроли на улиците и патиштата низ Македонија за брзо возење казнети се 322 возачи, од кои 119 во Скопје..Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 195 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје вчера се казнети 333 учесници во сообраќајот. Покрај казнетите 119 возачи за брзо возење, изречени се и 24 казни за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Сообраќајните акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните знаци и правила. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ