На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, покрај казните за брзо возење, изречени се девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на црвено светло и друг вид на прершоци.
Од казнетите 210 возачи за брзо возење, 22 возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.
Од МВР предупредуваат дека со акциските сообраќајни контроли секојдевно ќе се продолжи и во наредниот период.