сабота, 27 јули 2024

Казнети 166 брзи возачи, 66 во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Од брзите возачи, 10 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 106 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место

.На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за непрописно престројување, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Од МВР предупредуваат дека продолжуваат со секојдневните засилени акциски контроли во сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ