недела, 20 октомври 2024

Казнети 119 скопјани, возеле пребрзо, под дејство на алкохол, преминале на црвено

На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ