сабота, 27 јули 2024

Казахстан преминува во друга временска зона

Жителите на Казахстан примиле од банките, мобилните телекомуникациски оператори и другите давачи на услуги пораки за предупредување поради можни пречки поради подготовките на повеќето земји за преминување во друга временска зона од 1 март, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За изедначување на времето во целата земја, повеќето казахстански региони од ноќеска на полноќ ќе го поместат часовникот еден час наназад, и целата земја ќе биде во временската зона УТЦ+5.

Досега само западните региони на земјата без во таа временска зона, додека другите, вклучувајќи ги најважните градови Астана и Алмати (Алма Ата), беа еден час понапред. Казахстан, кој граничи со Русија и Кина, се протега на 3.000 километри од исток кон запад.

Нафтената индустрија како основа на казахстанската економија е главно на западот на земјата и не би требало да има пречки во работата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ