петок, 26 јули 2024

Кавадаречкиот суд отвори стечајна постапка за Еуроникел

Во Основниот суд Кавадарци денеска беше отворена стечајна постапка за фирмата Еуроникел индустри. За стечаен управник е назначен Ацо Петров, а со судското рочиште раководеше стечајниот судија Елизабета Петковска.

Објавено на

часот

Сподели

Според законот на денешното рочиште претходно се испитуваше дали постојат услови за отварање на стечајна постапка.

Стечајниот предмет беше поведен по предлог на тројца доверители. Една прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци, како и вработени во фабриката. Претставниците на доверителите, рекоа дека сметаат оти покрај обврските, должникот чија сметка била блокирана повеќе од 45 дена и законски има услови за стечај, има и имот од кој би можела да се формира стечајна маса и да се намират доверителите преку сразмерен процент.

На рочиштето беше презентиран извештајот од досегашната привремена стечајна управничка, Љубица Зајкоска, за економско – финансиска состојба на должникот и преземените мерки за обезбедување на имотот. Биле анализирани податоци за последните пет години, земени податоци од различни субјекти.

„Анализата  за 2019, 2020, 2021 и 2022 година, покажува  дека должникот цело време бил во добивка, но последната година, таа била 26 пати помала од 2019 година. Анализата за  2022 година покажува дека  вкупни побарувања има над пет милијарди денари, а обврски, близу пет милијарди денари. Според имотниот лист, компанијата нема недвижен имот. Има возила, залихи на роба во готови производи никел, резервни делови и ситен инвентар, канцелариска опрема и залихи и авто делови во централниот магацин“, појасни Зајкоска, нагласувајќи дека 670 вработени побаруваат по четири плати  во вкупен  износ од 133.823.193 денари.

Таа додаде дека книговодствено, компанијата  има побарувања и од домашни и од странски субјекти и од државни институции, но нивната веродостојност ќе се испита во отворената стечајна постапка. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ