Градоначалникот Митко Јанчев информира дека се инвестирани околу четири милиони денари за оваа патека.
„Целта е да се спортува. Во склоп на патеката е изградено и детско катче со реквизити за релаксација. Ова веќе не е напуштено место како што беше, туку простор со добро осмислени содржини“, појасни Јанчев, нагласувајќи дека и понатаму ќе се инвестира во спортот.
Градоначалникот најави и изградба на картинг стаза, за следната година.