петок, 21 јуни 2024

Кавадарци слави, Тиквеш го освои Купот на Македонија (ВИДЕО)

Тиквеш со 2-1 ја победи Воска во финалето од Купот на Македонија и за првпат во својата историја го освои овој трофеј, кавадаречкиот тим обезбеди и место во Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Тиквеш беше подобар тим во најголемиот дел од мечот и сосема заслужено дојде до победата. Кавадаречкиот тим покажа многу повеќе во офанзивата, создаде повеќе шанси, постигна гол повеќе од противникот и го освои трофејот.

Кавадарчани имаа и поголема поддршка од навивачите, илијадници фанови на Тиквеш допатуваа во Скопје да го бодрат нивниот тим и среќни ќе се вратат дома каде што прославата ќе продолжи.

Резултатот беше отворен во завршницата од првиот дел кога Кристијан Стојкоски постигна фантастичен гол од слободен удар за водство на Тиквеш од 1-0.

Рано во вториот дел Тиквеш зголеми на 2-0, овојпат Луан Силва беше стрелец на погодокот.

Во 77. минута од натпреварот Шаркоски искористи грешка на голманот Ренер го намали резултатот на 2-1 за интересна завршница во финишот.

Течеше судиското продолжение кога Воска имаше огромна шанса за израмнување, но не успеа да постигне погодок.

Тиквеш на крајот се радуваше на историски трофеј во Купот на Македонија и пласман во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ