Мобилизирани беа сите служби во Кавадарци за чистење по синоќешното невреме, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
„По обилното невреме кое во текот на вчерашниот ден го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, сите служби беа мобилизирани и на терен во интерес и функција на граѓаните. ЈП Комуналец, Мој општинар, ТППЕ Кавадарци работеа на расчистување на улиците од дрвја, се чистеа сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици“, напиша Јанчев.