сабота, 27 јули 2024

Кавадарци ќе добие затворен базен

Се гради затворен базен на локацијата на поранешна „Ла Луна” во Кавадарци. Станува збор за капитален проект, инвестиција во висина од педесетина милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

„Интензивно се работи на затворениот базен, што првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите други граѓани. Проектот е финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место“, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Инвеститор на проектот е Агенција за млади и спорт во соработка со Општина Кавадарци.

Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1,20 метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ