Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев појаснија дека повикот е врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и договорот за соработка, програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кавадарци, во рамки на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата, на програмата Општинско корисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување.
„За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во програмата, се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ, за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест“, се вели во повикот.
Според повикот, невработените кои сакаат да се вклучат во проектот, треба да се лица кои се долгорочно невработени, над 12 месеци во евиденција на Агенцијата за вработување, млади лица до 29 години, постари од 50 години корисници на социјална помош, лица кои се социјално загрозени и кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот ќе имаат предност, жртви на смејно насилство, самохрани родители.