вторник, 22 октомври 2024

Кавадарци доби био компостара

Во дворот на средното училиште „Киро Спанџов – Брко“ во Кавадарци поставена е био компостара во која органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво за потребите на градот. Машината ја произведе фирмата Спектар 21 од Кавадарци под менторство на проф Димитрија Ангелков од училиштето.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да ја зголемиме совесноста кај граѓаните да ја полнат со органски отпад. Партнер ни е јавното комунално претпријатие ‘Комуналец’ како фирма што ги има сите лиценци за собирање и третман на отпад. Проектот е од особено значење за хигиената во градот, затоа што 70 проценти од отпадот е од органски карактер“, вели Ангелков.

Тој очекува проектот позитивно да делува на заедницата затоа што дава пример како од отпад може да се направи органско ѓубриво. Компостирањето е природен начин на разложување на органските материи, едноставен процес за третирање на секојдневниот кујнски отпад, пишува Плусинфо.мк.

Може да се компостира органски отпад од домаќинствата, од рестораните, лисја и друг био отпад од дворовите, отпад од фарма, животинско ѓубриво, животински трупови, производи од хартија, отпадна тиња, дрво и други органски материјали. Може лесно да се вклучи во кој било план за управување со отпад, вели професорот.

Дури третина од целокупно произведената храна завршува во отпад, додава тој. Ако на ова ја додадеме и огромната количина на градинарски отпад од парковите и дворовите, станува јасно како био-отпадот претставува над 70 отсто од вкупно произведениот отпад. Кога овој отпад неправилно се разлага, ослободува стакленички гасови кои директно влијаат на климатските промени и на загадувањето.

Решението е, додава Ангелков, да се креира градска компостара во секоја општина, каде населението бизнис-заедницата ќе го одлагаат градинарскиот и отпадот од храна, а од него наместо ѓубре што загадува, ќе се креира компост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ