среда, 30 октомври 2024

Кавадарчани досега собраа пет илјади потписи против Регионален центар за третман на отпадна гума

Околу пет илјади потписи засега се собрани во Кавадарци против отворање на Регионален центар за третман на отпадна гума. Орданче Бошковски од граѓанската иницијатива што го организира собирањето потписи и онлајн петицијата, денеска изјави дека најавената инвестиција во Г-1 зоната ги сплоти жителите на кавадаречка општина како никогаш досега, а загрижени за сопственото здравје, животната средина, земјоделството и развојот на винскиот туризам.

Објавено на

часот

Сподели

Пензионираниот професор по стручни предмети од областа на земјоделството, Благоја Мишковски за МИА изјави дека на Кавадарци не му треба уште една Г-1 индустрија.

„Грешка било што воопшто во минатото се дозволило да има таква зона за тешка и загадувачка индустрија во кавадаречката општина. Искуството од минатото ни покажа дека се соочивме со загадување, недоволни контроли и казни за загадувачите и заболувања од канцер, но и недоверба во институциите. За поздравување се инвестиции како таа претходно во трговски центар во градот. Надлежните треба да го слушаат гласот на народот и да не дозволат уште една Г-1 индустрија во општина Кавадарци“, подвлече Мишковски, кој и самиот неодамна бил опериран од канцер.

На предлог на двајца советници, на 22 август, на седница на Советот на Општината, ќе биде предложена и точка на дневен ред, во врска со намерата на инвеститор, за една ваква инвестиција.

Според студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект Еколошки рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми во општина Кавадарци, што инвеститорот ја доставил до Министерството за животна средина, со ова се решавал голем проблем со отпадна гума во државата, станувало збор за капацитет што немал оџак, немал отпадни води, дека станувало збор за затворен систем и зелена технологија, дека Кавадарци бил избран град бидејќи е во Централна Македонија и со идеална местоположба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ