сабота, 27 јули 2024

Катастрофален пожар во Тексас, се доближува до нуклеарна централа (ВИДЕО)

Американската сојузна држава Тексас во вторникот прогласи состојба на катастрофа поради шумските пожари што беснееја надвор од контрола, додека илјадници жители беа евакуирани од своите домови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Четири шумски пожари во најсеверниот дел на државата, познат како Тексас Панхендл, се разгореа во понеделникот и веќе проголтаа 240.000 хектари земја, соопштија локалните власти.

Тие соопштија дека брзото ширење на шумските пожари е поттикнато од налетите на ветерот меѓу 64 и 96 километри на час и сувите и невообичаено топли временски услови.

Досега 5.000 жители се евакуирани од своите домови, а се очекуваат уште наредби за евакуација бидејќи пожарите продолжуваат да се шират.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, прогласи катастрофална состојба во 60 окрузи во Панхендл.

Многу патишта и автопати во регионот се затворени поради пожари и чад што создава речиси нулта видливост.

Пожарникарите моментално се борат со вкупно 13 шумски пожари низ државата.

Предупредувања за пожари се во сила во сојузните држави Тексас, Оклахома и Канзас.

Пожарите се приближуваат до нуклеарна централа

Нуклеарната централа Пантекс престана да работи бидејќи ѝ се наближува неконтролиран пожар. Во објектот се склопува и се расклопува американското нуклеарно оружје.

„Пожарот што се приближува кон Пантекс е неконтролиран“, напиша компанијата. „Го евакуираме објектот. Пантекс потврди дека пожарот сѐ уште не стигнал до фабриката. Итните служби ја следат ситуацијата на терен. Пантекс додаде дека се грижеле за сите вработени и дека сите несуштински вработени повеќе не се во фабриката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ