среда, 26 март 2025

Катастрофа за Ферари во Шангај: Леклер и Хамилтон дисквалификувани од ГН на Кина

Гран при викендот во Кина заврши катастрофално за Ферари откако Шарл Леклер и Луис Хамилтон се дисквалификувани.

Објавено на

часот

Сподели

ГН на Кина и трката во Шангај одлично започнаа за Ферари, Луис Хамилтон победи во спринт трката.

Сепак, Ферари потфрли и во квалификациите и во главната трка, при што Шарл Леклер финишираше како петти, а Луис Хамилтон шести.

Но викендот на крајот заврши катастрофално за тимот од Марнело, предмалку ФИА потврди дека Шарл Леклер и Луис Хамилтон се дисквалификувани.

Шарл Леклер е казнет откако неговиот болид не ги поминал мерењата по крајот на трката, односно тежината на болидот изнесувала 799 килограми (1 килограм под минималната граница).

Што се однесува до Луис Хамилтон, утврдени се неправилности во болидот, односно плочата на подот на болидот била премногу истрошена, односно под минималната поставена граница.

Тоа значи дека двајцата возачи ќе останат без бодови од ГН на Кина, а од ова најмногу ќе ќарат Строл и Саинц, кои ќе освојат два, односно еден бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ