четврток, 30 мај 2024

Катарскиот премиер: Преговорите за прекин на огнот во Газа во моментов се прекинати

Катарскиот премиер шеикот Мохамед ал Тани изјави дека преговорите за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа во моментов се прекинати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ал Тани, чија земја заедно со Египет и Соединетите Американски Држави посредуваат меѓу Израел и Хамас, кажа дека „разговорите се во деликатна фаза“.

„Се трудиме колку што е можно да го решиме овој проблем“, кажа тој, не наведувајќи за што точно станува збор, пренесува Би-би-си.

Посредниците предложија шестнеделно примирје, за време на кое Хамас би ослободил 40 жени, деца и стари или болни заложници.

САД ја обвинија палестинската милитантна група дека е „пречка за прекинот на огнот“, откако за време на викендот ја одби таа понуда.

За време на еднонеделниот прекин на огнот во ноември беа ослободени 105 заложници, главно жени и деца, во замена за околу 240 палестински заробеници кои беа пуштени од израелските затвори.

Шеикот Мухамед, во чија земја се наоѓаат многу политички лидери на Хамас, кажа дека посредниците се обидуваат да одржат преговори за прекин на огнот, и покрај несогласувањата на завојуваните страни.

„Минуваме низ деликатна фаза. Се трудиме што е можно повеќе да го решиме овој проблем и да одиме напред“, кажа катарскиот премиер.

Хамас во саботата издаде соопштение во кое се наведува дека е спремен да договори „сериозен и искрен“ договор за размена на заложници, но го отфрла тоа што во моментов е на маса, и уште еднаш потврди дека стои на своите барања за траен прекин на огнот во Газа, кој би довел до повлекување на израелските трупи од Газа и враќање на раселените Палестинци во своите домови.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер кажа дека „суштината е дека Хамас мора да го прифати тој договор и мора да му објасни на светот и палестинскиот народ зошто го одбива“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ