сабота, 27 јули 2024

Катарскиот премиер: Преговорите за прекин на огнот во Газа се во мртва точка

Разговорите за прекин на огнот во Газа дојдоа до мртва точка поради израелските операции во Рафа, изјави денеска катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските операции во Рафа, кои започнаа овој месец, го затворија главниот влез за хуманитарна помош од Египет до Појасот Газа. Хуманитарните организации предупредуваат дека тоа ја влоши и онака лошата ситуација во палестинската енклава.

„Особено во изминатите недели видовме дека се постигнува замав, но за жал работите не тргнаа во вистинска насока и сега сме речиси во мртва точка. Се разбира, она што се случи во Рафа нè врати назад“, рече шеикот Мохамед на економскиот форум во Доха.

Катарскиот премиер најави дека Доха ќе продолжи да работи на изнаоѓање решение за мир во Газа. Неговата земја посредува меѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел.

Шеикот Мохамед рече дека главното несогласување меѓу двете страни е ослободувањето на заложниците и прекинот на борбите.

„Едната страна сака да го прекине конфликтот и потоа да зборува за заложниците, а другата ги сака заложниците и продолжување на војната. Се додека не се најде средина меѓу двете позиции, нема да дојдеме до решение“, изјави катарскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ