недела, 20 октомври 2024

Каталонските сепаратисти ги поддржаа шпанските социјалисти за клучно место во парламентот

Објавено на

часот

Сподели

Францина Арменгол е именувана за претседателка откако освои 178 гласа во парламентот од 350 места. Кандидатот на конзервативната Народна партија (ПП) освои само 137 гласа, додека крајната десница Вокс, која е во коалиција со Народната партија во неколку шпански региони, гласаше за својот кандидат Игнацио Гил наместо за кандидатот на ПП.

Народната партија која ја предводи Алберто Нуњез Феијо освои повеќе места од социјалистите (ПСОЕ) на изборите во јули, но не обезбедија апсолутно мнозинство и се соочуваат со тешка борба да соберат доволно поддршка за формирање влада.

Социјалистите имаат втор најголем број места и ќе настојуваат да формираат влада со поддршка од крајно левиот партнер Сумар и неколку помали партии, вклучувајќи ги каталонските сепаратисти Ескера Републикана (ЕРЦ) и Заедно за Каталонија (Јунтс).

Арменгол е поранешна лидерка на регионот Балеарски Острови во каталонското говорно подрачје од 2015 до јуни 2023. Беше во коалиција со левичарскиот Подемос и сестринската партија ЕРЦ.

Нејзината кандидатура за местото претседател се гледа како подарок на каталонските, баскиските и галициските партии.

Лидерот на ЕРЦ Габриел Руфиан кажа на прес-конференција дека, иако партијата го поддржа кандидатот на социјалистите за претседател на Конгресот, тоа не значи поддршка на Санчез за формирање влада.

Од ЕРЦ во соопштението наведоа дека добиле неколку отстапки од социјалистите во замена за нивната поддршка, вклучувајќи го договорот каталонскиот јазик да се зборува како службен во шпанските институции како правосудниот систем и парламентот.

Санчез, кој прв пат дојде на власт во 2018 година, владее во малцинска коалиција од почетокот на 2020 година.

Ова беше прво парламентарно гласање по изборите одржани на 23 јули кои на ниедна група не ѝ оставија лесен пат за формирање влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ