сабота, 27 јули 2024

Каталонскиот претседател предложи нов референдум за независност

Каталонската влада изнесе конкретен предлог за нов референдум за независност од Шпанија, на што веднаш негативно реагираше централната влада во Мадрид.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Гласање е можно, само е прашање политичка волја“, кажа регионалниот претседател Пере Арагонес денес во Барселона.

На гласачите би им се поставило јасно прашање: „Дали сакате Каталонија да стане независна држава?“ на кое би можело да се одговори само со „да“ или „не“, кажа тој.

Арагонес додаде дека таков референдум би можел да се одржи врз основа на членот 92 на уставот со кој се дозволува на референдум да се гласа за „политички одлуки од посебна важност“.

Референдумот го распишува кралот Филип Шести, на предлог на шпанскиот премиер, по претходно одобрување на парламентот.

Но, предлогот веднаш го одбија членови на централната влада во Мадрид. Министерот за правосудство Феликс Болањос кажа дека е „апсолутно против тоа“.

Портпаролката на владата Пилар Алегриа сугерираше дека предлогот на Арагонес се сведува на политички перформанс пред парламентарните избори во Каталонија на 12 мај.

Премиерот Педро Санчез се согласи на амнестија на вмешаните во неуспешните обиди за независност на Каталонија од 2017 за да го обезбеди својот реизбор.

Меѓутоа, тој и понатаму исклучува референдум за независност на Каталонија.

Арагонес кажа дека Санчез долго ја отфрлал и амнестијата, но сепак се предомислил. Малцинската влада на Санчез зависи од поддршката на Каталонците во парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ