Во 2022 година Кастиљо ја купи топланата, заедно со сите топловодни уреди во него, пумпи, агрегати и друго, кои се дел од топлификациската мрежа. На лицитација по стечајната постапка на АД „Топлификација“, се јавила само фирмата „Актрус Вентурес ДООЕЛ“ и ја купила парцелата за 10 милиони денари (162.000 евра). Почетната цена била 20 милиони денари. Кастиљо тука планира да изгради објект.
Во изјава за Призма тој вели дека навреме ги информирал ЕСМ да дојдат и да си ги средат работите, односно да плати наем за користење на сега веќе неговиот приватен објект.
„ЕСМ Дистрибуција на топлина, посветено и интензивно работи на решение на прекинот на испораката кај дел од потрошувачите во населбата Водно. Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок“, одговорија од ЕСМ.