петок, 27 декември 2024

Кастиљо купи топлана, Водно нема парно

Дел од населбата Водно, заедно со училиштето „Кочо Рацин“ нема парно. Причината е продадената стара топлана на Водно на познатиот бизнисмен Ангел Кастиљо. Екипите на ЕСМ не можат да влезат и да направат подготовки за новата грејна сезона бидејќи сопственикот на топланата не им го дозволува тоа. Платете, па пуштете парно, вели тој, објавува Призма.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2022 година Кастиљо ја купи топланата, заедно со сите топловодни уреди во него, пумпи, агрегати и друго, кои се дел од топлификациската мрежа. На лицитација по стечајната постапка на АД „Топлификација“, се јавила само фирмата „Актрус Вентурес ДООЕЛ“ и ја купила парцелата за 10 милиони денари (162.000 евра). Почетната цена била 20 милиони денари. Кастиљо тука планира да изгради објект.

Во изјава за Призма тој вели дека навреме ги информирал ЕСМ да дојдат и да си ги средат работите, односно да плати наем за користење на сега веќе неговиот приватен објект.

„ЕСМ Дистрибуција на топлина, посветено и интензивно работи на решение на прекинот на испораката кај дел од потрошувачите во населбата Водно. Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок“, одговорија од ЕСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ