среда, 15 јануари 2025

Кашест снег, влажни коловози и забрана за камиони на правците: Маврово-Дебар, Tетово-Попова Шапка и Струмица-Берово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, Tетово–Попова Шапка и на планискиот премин Струмица – Берово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ