Претседателот на опозициска СИРИЗА во гостување на грчката државна телевизија ЕРТ рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.
И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: ‘Тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договорот, нека оди кај ВМРО, соседна партија во Европската народна партија, нека оди и нека дооворат корисен договор“, рече Каселакис“, пренесува МИА од Атина.
Тој додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Северна Македонија“.
„Во спротивно, нека признае дека го инструментализира договорот и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ“, му порача Каселакис на Мицотакис.