петок, 18 октомври 2024
Продолжи вербалната војна

Касано: Мурињо не може да му се фати на Гвардиола ниту за малиот прст, Пеп е феномен за него!

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот од овој месец, Антонио Касано упати серија замерки и премедби за работата на Жозе Мурињо во Рома, а кратко потоа Португалецот испрати провокативен одговор.

Поранешниот фудбалер на Рома, Реал Мадрид и Интер синоќа ја продолжи вербалната војна и испрати нови критики на адреса на „специјалниот“.

За зајадливиот коментар дека во Мадрид само ќе го паметат по јакната на презентацијата, Антонио Касано вели: „Имав и два часовници, четири прстени, смешна фризура, ме викаа „Гордито“ бидејќи бев дебел“.

„Но направив трансфер во ерета на „галактикос“, тоа значи дека сум бил феномен. Тоа што се покажав како катастрофален трансфер, тоа е моја вина“.

„Мурињо во Мадрид ќе го паметат по ужасниот фудбал, затоа и го избркаа. Никогаш не сум го критикувал Мурињо како човек, не го познавам лично, па не можам да му судам. Но ќе продолжам да го критикувам од фудбалски аспект. Што се однесува до трофеите кои ги има освоено, може да си ги напика на она место… знаете каде“.

Антонио Касано потоа продолжи: „Мурињо не може да му се фати на Гвардиола ниту за малиот прст, Пеп е феномен за него. Кога ќе се пензионира, ќе го заборават за три дена. Каде и да оди, зад себе остава само конфликти и контроверзии“.

„Треба да ги следи примерите на Спалети и Де Зерби, кои негуваат спектакуларен фудбал. Не сакам да му судам како личност, но како тренер е нула. Зарабоен е во минатото со начинот на игра и комуникација.  Италјанските новинари му се плашат и не сакаат да му ги постават правите прашања, но јас сум друга приказна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ