недела, 19 мај 2024
Претседателски избори 2024

Касами: Сите партии и чинители да славиме добри избори и победа на најдобриот кандидат

Биљал Касами, еден од лидерите не коалицијата Вреди и лидери на Беса, по гласањето во Тетово изјави дека верува дека сите партии и политички чинители на крајот ќе слават добар изборен процес и победа на најдобриот кандидат.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што имаат можност над 1,8 милиони граѓани, така и јас денеска го искористив правото да гласам за идниот претседател на државата кој ќе не води во наредниот период. Се надеваме дека тоа ќе биде најдобриот период за државата кога конечно ќе станеме рамноправна членка на ЕУ. Ова е пресудно време зашто без членство во ЕУ секојдневно ни бегаат младите во странство За да не останеме празна државата треба секојдневно да  работиме заедно сите политички партии и чинители и да се интегрираме во европското семејство. Се надевам дека е тоа определба на сите партии и дека изборите ќе поминат добро и тоа сите ќе го славиме и дека ќе победи најдобриот“, изјави Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ