сабота, 27 јули 2024

Касами се откажа од пратеничкиот мандат, останува градоначалник на Тетово

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами до Собранието на Македонија достави изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран. Тој остана доследен на својата изјава дадена веднаш по изборите кога рече ќе остане градоначалник на Тетово нагласувајќи дека сака ветеното од својата програма за градот и да го реализира.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас Биљал Касами, како избран кандидат за пратеник во Шестата изборна единица на парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, материјална и кривична одговорност, изјавувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и барам да не ми се верифицира мандатот од страна на Собранието на Република Северна Македонија“, напиша Касами во својата изјава потпишана на 23 мај.

Изјавата станува дел од материјалите за утрешната конститутивна седница на Собранието.

Касами беше ноистел на кандидатската листа на коалицијата Вреди во Шестата изборна единица..

На првата седница на новиот парламентарен состав што е закажана за утре со почеток во 11 часот, прва точка на дневен ред е избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието. На седницата треба да се изврши верификација на мандатите на пратениците, да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ