Касами додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени со внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред сè ЕУ и САД ќе дадат јасен план за интеграциите, што сега за сега тој не го гледа.
Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ, рече Касами.